Име на болест: Сива дамкавост на листовите кај пченката - Setosphaeria turcica
Култура: ПЧЕНКА
Опис: Со воведување на отпорни сорти оваа болест сега не претставува опасност. Кај осетливите хибриди и сорти на листовите се јавуваат крупни, издолжени и елипсовидни сивозеленикави или темни дамки, ограничени со еден потемен раб. Дамките достигаат должина од 5 - 10 см. При влажно време во дамките се јавува мноштво од конидиофори со конидии. При силни зарази дамките меѓу себе се спојуваат, па често целите лиски некрозираат или се кинат по должина што доведува до намалување на големината на кочаните, се формираат мал број на зрна, и самите зрна остануваат ситни и спурени. За заштита се препорачува селекција и одгледување на отпорни сорти, заорување на растителн тие остатоци со претходно ситенење или нивно уништување на друг начин. Од фунгицидите ефикасни се манкозеб, цинеб каптан и други речиси и не се употребуваат.



повеќе слики >>

Препарати