Опис: Болеста се јавува ретко, во посеви каде што се задржува водата, посебно по поплави и по никнење на пченката. Во посеви каде што се јавува со силен интензитет, посевот може да биде наполно уништен. Нападнатите растенија покажуваат симптом на пролиферација на целите растенија, кога настанува интензивно братење, па од едно зрно се развиваат 6 - 10 братимки, растенијата се поразвиени од здравите со тесни листови, светлозелени до кафеави. Метличките не формираат полен. Најпосле доаѓа до пролиферација на кочанот, кој се претвора во 5 - 6 мали кочани составени само од листови без зрна. Најмасовни инфекции се остваруваат при температура од 12 до 16C . За спречување се препорачува дренирање на почвата и збегнување на ниви за пченка кои се подложни на поплави. |