Опис: Има две генерации годишно. Презимува во стадиум имаго, грегарно, во лушпите на пупките. Напролет ја започнува исхраната на опачината на листот, вбушувајки се под епидермисот, при што на лицето се наоѓаат многубројни набубрувања со виолетова боја, кои подоцна стануваат кафени. Најмногу се распоредени околу главните нерви. При посилен напад листовите поцрнуваат, се деформираат и се сушат. Пајакот може да ја оштети и покожичката на плодот, тие се деформираат и отпаѓаат. Најголеми штети причинува напролет.
За заштита за време на вегетацијата се препорачуваат акарициди на база на абамектин, пропаргит и инхибитори на развој. За зимска заштита, во време на бабрење на пупките се препорачуваат фунгициди на база на сулфур или минерални масла + органофосфорни инсектициди. |