Име на болест: Јаболков стаклокрилец - Synanthedon myopaeformis
Култура: ДУЊА
Опис: Има 1 генерација на 2 години. Презимува во стадиум ларва или кукла во дрвото. Гасеницата се вбушува под кората на стеблото и прави ходник до ликото. Кората на стеблото, каде што е вбушена ларвата пука и се суши. Исхраната на гасениците го нарушува транспортот на сокови на растението. Оштетувањата се манифестираат како рак рани, сушење на гранките, а повеќегодишен напад води до целосно сушење на овошките. Сузбивањето на видот е многу тешко заради скриениот начин на живот и затоа најважни се превентивните и механичките мерки. При резидба напролет се врши дезинфекција на раните, а ако се утврдат оштетувања се врши строга резидба и спалување на нападнатите делови.



повеќе слики >>

Препарати