Опис: Штетник на зелковите култури и диви растенија од фам. Brassicacae. Има 1 генерација годишно. Презимуваат сите развојни облици (ларва, кукла, имаго) во почвата под растителните остатоци. Испилените ларви се хранат во кореновиот врат, продираат во коренот и останува во неговата внатрешност. Како резултат на исхрана на ларвите, доаѓа до хипертрофија и хиперплазија на ткивото на коренот од зелката. Коренот се здебелува во неправилен облик, се образуваат гали и не е во можност да ја врши својата функција. Мерките за контрола можат да бидат Агротехнички: обработка на почвата, плодоред. Механички: собирање, спалување или компостирање на заразените растенија во текот или по завршувањето на вегетацијата. Хемиски: Превентивно третирање на почвата пред расадување на зелката со препарати на база на органофосфорни инсектициди. |