Име на болест: Зелкова стеница, црвено-црна циганка - Eurydema ornata L.
Култура: ЗЕЛКА
Опис: Има 2 генерации годишно. Презимува во стадиум на имаго во почва под растителни остатоци, на рабовите на ливадите и шумите. Штетите ги предизвикуваат ларвите и имагата со својата исхрана. Шмукаат сокови од сите растителни делови. На листовите предизвикуваат бели дамки и редукција на асимилационата маса. Најголеми штети предизвикуваат на расадот од зелковите култури, каде што можат целосно да ги уништат котиледоните. За заштита на културите се препорачуваат агротехнички, механички, биолошки, биотехнички и хемиски мерки ( инсектициди со куса перзистентност и поволни токсиколошки својства ).



повеќе слики >>

Препарати