Опис: Напаѓа зелка, грав, грашак. Има 3 генерации годишно и презимува во стадиум кукла во почвата. Имагото лета во мај и се храни со нектар од цветовите. Женката полага јајца околу коренот или на почвата. Испилената ларва се вбушува во кореновиот врат и коренот. Нападнатите растенија лесно се вадат од почвата и се сушат. Поволни услови за развој на зелковата мува се високата влажност и топлото време. За следење на бројноста на зелковата мува се користат жолти водени садови или жолти лепливи плочи. Од агротехнички мерки за контрола се препорачува плодоред, обработка на почвата, собирање и отстранување на заразените растенија, уништување на плевелите. Од механички мерки се препорачува масовно ловење со жолти лепливи плочи или жолти водени садови. Од хемиските мерки се препорачува третирање на почвата со земјишни инсектициди на база на пиретроиди, органофосфорни инсектициди, а во вегетацијата со препарати на база на спиносад, оксадиазини, пиретроиди, органофосфорни инсектициди. |