Опис: Има 2 - 3 генерации годишно и презимува во стадиум кукла во почвата. Ембрионалниот развој трае од 7 до 10 дена и испилената ларва започнува да се храни и целиот живот го поминува во листот. Прави мини со неправилна форма, по должината на листот и при силен напад мините се спојуваат, вкрстуваат и доведуваат до сушење на листот. Ако се појави со силен интензитет, најзначајна улога против минерот имаат агротехничките мерки како плодоред, обработка на почвата, отстранување и уништување на нападнатите растенија во вегетација, уништување на нападнати растенија во вегетација, уништување на растителни остатоци. Од механичките мерки се применува масовно ловење со жолти водени садови и жолти лепливи плочи. Не смее да се врши апликација на инсектициди но ако нападот бил многу силен се врши третирање на почвата пред сеидбата со препарати врз база на пиретроиди, органофосфорни инсектициди. Во вегетација, при летањето на мувите се препорачува третирање со препарати на база на спинозини, пиретроиди. |