Име на болест: Бактериско влажно гниење - Erwinia carotovora subsp. carotovora
Култура: ДИЊА
Опис: Тие се полифагни бактерии со голем број на домаќини во градинарските растенија. Со оглед на тоа дека прво се напаѓаат меснатите делови од растението - плодовите штетите од овој паразит можат да бидат големи. Првите симптоми се манифестираат во вид на влажни дамки, во поголем или помал обем, а потоа во вид на омекнување или скапување на деловите или на целиот плод. Појавата на скапувањето пропратена е со лачење на течност по што и болеста се нарекува бактериозно влажно скапување. Во поволни услови за неколку дена месото на плодот и внатрешноста се претвара во жолтеникава безлична маса обвиткана со покожицата на плодот, која останува непроменета. Изворот на инфекција се остатоците од заразените растенија во почвата во која оваа бактерија може да се одржува со години. Ширењето на бактеријата се врши со директен контакт, капки од  дожд носени од ветар, поливање по пат на оросување и одреден број инсекти. Инфекцијата се добива исклучиво при повреда на растенито настана на нај различни начини од дејство на човекот, град, ветар и др. Заштита е со уништување на растителните остатоци веднаш по прибирањето на реколтата, плодоред, уништување на инсектите вектори, употреба на здрав саден материјал, дезинфекција на складиштата.



повеќе слики >>

Препарати