Име на болест: Свиларка, жолта трева - Cuscuta spp.
Култура: ДИЊА
Опис: Свиларката е најопасен паразит . Таа е повеќегодишно растение. Има кончесто жолтеникаво до светлоцрвено стебло. Нема листови и корен, а се храни со помш на хаустории кои допираат и навлегуваат во спроводните садови на домаќинот и од него се снабдува со вода, минерални материи и органски материи. Свиларката презимува на стеблото. Нејзиното семе се пренесува преку арското ѓубре, водата за наводнување вветерот и сл. Најраспространети видови свиларка се:
- Cuscuta epithimum – Ги напаѓа луцерката, детелината и граороците како и многу други растенија од различни фамилии. Има тенко и црвеникаво стебло, кое е многу разгранетo.
- Cuscuta pentagona е крупносемена свиларка и за разлика од претходната има жолто - портокалово стебло. Освен луцерката и детелината напаѓа и многу други растенија како тутунот, доматите, шеќерната репка.
Уништувањето на свиларката е сложено и бара превземање на систем од превентивни и директни мерки за уништување. Превентивни мерки се употреба на чисто семе што се добива преку одвојување на семето од свиларката со посебни електромагнетни декускутори.
Директното уништување на свиларката може да се изврши на повеќе начини и тоа : косење на заразените места, внимателно изнесување и палење на искосениот материјал, доколку има формирано семе истото треба да се искоси и запали.
За уништување на свиларката во луцериштата се употребува хербицидот динозебацетат (препаратот Аретит) во доза од 5 - 7 кг/ха, веднаш по прибирање на откосот.



повеќе слики >>

Препарати