Име на болест: Бледеење на плодовите од краставицата - Cucumber pale fruit viroid
Култура: ДИЊА
Опис: Симптомите се манифестираат само на плодовите. Кај младите плодови се јавуваат вдлабнатини во вид на линии и прстени со различна големина, кои подоцна стануваат рѓести. Како резултат на нерамномерното растење на плодовите се јавуваат различни испапчувања. Некои од плодовите заостануваат во развојот, па добиваат грбав изглед. Плодовите остануваат ситни, деформирани, со лош изглед. Промените може да се појават на некои плодови, а и на сите плодови. Патогенот се пренесува со калемење од болни на здрави растенија. Основна мерка за спречување е употреба на здрав саден материјал.



повеќе слики >>

Препарати