Опис: Кај дињата причинува поцрнување на коренот. Перидермот кај коренот е разрушен распукнат и поцрнет. Болните растенија во леите обично изумираат, односно полегнуваат. Кај постарите растенија порастот е послаб, со поситни хлорозни листови. Габата образува два вида конидии. Микроконидии, што се развиваат на кратки и при врвот стеснети конидиофори тоа се т. н фијалоконидии. Паразитот се одржува во почвата 4 - 5 години, во вид на хламидоспори во заразените растителни остатоци. Нејзиното уништување не е лесно се спречува со дезинфекција на почвата за производство на расад со запарување. Избегнување на прекумерна влажност во почвата. |