Име на болест: Крушкин цутојад - Anthonomus pyri
Култура: КРУША
Опис: Крушкиниот цутојад е значаен штетник на крушата. Штетите од него тешко се регистрираат и се препишуваат на други причинители. Има една генерација годишно. Презимува во стадиум на јајце или ларва во пупките. Нападнатите пупки откако ќе се испили ларвата престануваат да се развиваат се сушат и опаѓаат. На крај од април и почеток на мај ларвата го завршува својот развој и се кукли во нападнатата пупка. Во есен, од септември имагата се активираат повторно, се хранат копулираат и женките почнуваат да полагаат јајца во формираните пупки. Контролата на крушкиниот цутојад се конципира во 2 периода од вегетацијата на крушата. Прво, рано напролет во средината на мај кога еклодираат имагата. Вториот период за контрола и третирање e во есен кога имагата се будат од летната дијапауза .



повеќе слики >>

Препарати