Име на болест: Крушкина стеница - Tingis pyri
Култура: КРУША
Опис: Има 3 генерации годишно. Презимува во стадиум на имаго под растителни остатоци или под кората од дрвјата. Штетите ги причинуваат и ларвите и имагата со смукање сокови од опачината на листовите од крушата. Како резултат на оваа исхрана се јавуваат бели некротични дамки на листовите. При посилен напад листовите добиваат сиво - сребрена боја. И плодовите опаѓаат пред да дозреат. Најголеми штети од оваа стеница се регистрираат напролет или рано налето кога истовремено се присутни и презимените имага и ларвите и имагата од новата генерација.



повеќе слики >>

Препарати