Опис: Типичен сурлаш со пипци на предната третина на сурлата. Ларвата е со жолтеникава боја со темна глава без нозе.
Презимува како имаго. Се појавува кон крајот на март или почеток на април кога средните дневни температури ќе достигнат 10 степени. По дополнителна исхрана 7 - 21 ден женките полагаат 50 - 100 јајца во цветните пупки. Од јајцата по 15 - 20 дена излегуваат ларви кои го јадат толчникот и прашниците. Ларвата зе развива 14 - 30 дена и се преобразува во кукла, во почетокот на јуни се појавува нова генерација имаго која презимува.
Мерките за контрола, кои можат да бидат механички и хемиски. |