Име на болест: Крушкина галица на пупките - Аpiomyia bergenstami
Култура: КРУША
Опис: Има една генерација годишно. Презимува како возрасна ларва во цврста пергаментна кокона во галата. Женката полага јајца на пупките на врвот на фиданките, на страничните пупки, на стеблото, на леторастите, поретко на младите листови и тоа во близина на главниот нерв. Ларвата по пилењето бара активно место каде да се вбуши. Вбушена во пупката предизвикува задебелување на ткивото и пупката се претвора во гала. Галата се одрвенува, се деформира и се суши.



повеќе слики >>

Препарати