Опис: Штетник е на лист од круша во Европа, Северна Америка и во Нов Зеланд. Има 5 генерации годишно. Презимува како возрасна ларва во почвата. Женката полага јајца на врвните млади листови, кои сеуште не се отворени. Ларвите со својата исхрана предизвикуваат увртување на листовите спрема лицето, формирајќи гала. Нападнатите листови во почетокот се зелени до жолто - зеленорозеви. Ѕидовите на галата стануваат крути, задебелени и обраснати со влакненца. Откако ларвите ќе ги напуштат листовите, галите се сушат , поцрнуваат и опаѓаат. Крушкинаата лисна галица причинува огромни штети во расадичкото производство на крушата бидејќи садниците закржлавуваат и се со слаб квалитет. За контрола на овој инсект се препорачува агротехнички мерки и хемиска апликација пред увртување на листовите. |