Име на болест: Крушкин црв, крушкин смотавец - Laspeyresia pyrivora
Култура: КРУША
Опис: Крушкиниот заедно со јаболковиот црв причинуваат црвливост на крушата. Има 1 генерација годишно и презимува како возрасна гасеница во зимска кокона во површинскиот почвен слој. Женката своите јајца најчесто ги полага на плодовите кои се на горниот дел од крошната и тоа на средина од плодот. По пилењето гасениците го гризат хорионот на место кај што тој е во контакт со плодот и директно се вбушуваат. Во ходниците нема изгризотини и измет од црвот. Напуштајќи го плодот, гасеницата прави излезен отвор кој видно се забележува.



повеќе слики >>

Препарати