Опис: Има 1 генерација на 2 - 3 години. Презимува во стадиум ларва во дрвото. Летот на имагата е од мај до јули. Женката полага јајца одделно околу пупките на млади стебла или тенки гранки со дебелина до 2цм. Јајцата можат да бидат положени и во група во напуштени ходници. Гасеницата се вбушува под кората и прави ходници во дрвата. Се движи оддолу кон горе. Цревоточината испаѓа преку влезниот канал. Исхраната на гасеницата во стеблото доведува до нарушување на спроводниот систем на растението што предизвикува сушење на гранките и стеблото. |