Опис: Има 1 генерација годишно. Презимува возрасна ларва во кокона во површинскиот почвен слој до 10 см. Испилената ларва го скелетира листот и го запредува со пајажинести конци. Хемиската заштита се врши додека ларвите се мали, со препарати на база на спинозини, пиретроиди, карбамати и органофосфорни инсектициди. |