Име на болест: Прстенотворка - Malacosoma Neustria L
Култура: КРУША
Опис: Полифаген штетник од типот на дефолијатори. Гасениците ги бристат листовите и може да извршат целосно обезлистување. Има 1 генерација годишно. Презимува во стадиум на јајце во кое ембрионалниот развој е завршен. Ларвата се пили напролет во почетокот на април. Се храни со младите листови и пупки. Бројноста на прстенотворката се следи со визуелен преглед. Економскиот праг е 2 - 5 јајни легла/стебло. Мерки за контрола се редовна резидба, спалување на гранчињата со легла со јајца, во текот на вегетацијата се препорачуват препарати на база на: спинозини, ИГР препарати, оксадиазини, пиретроиди, карбамати и огранофосфорни инсектициди.



повеќе слики >>

Препарати