Име на болест: Јаболков стаклокрилец - Synanthedon myopaeformis
Култура: ЈАБОЛКА
Опис: Има 1 генерација на 2 години. Презимува во стадиум ларва или кукла во дрвото. Летот почнува на крај од март или во април и трае до август или почетокот на септември. Женката полага јајца одделно во близина на излезниот отвор, во пукнатините на кората или на други оштетени места . Поголем број ларви се концентрираат во долниот дел на стеблото во висина до половина метар. Гасеницата се вбушува под кората на стеблото и прави ходник до ликото. Oштетувањата се манифестираат како рак - рани, сушење на гранките, појава на секундарни штетници a повеќегодишен напад води до целосно сушење на овошките.



повеќе слики >>

Препарати