Опис: Има 1 генерација годишно. Презимува како ларва од втор или трет степен. Имагото се јавува во април и во мај.
Имагата се хранат со лисјата, правејки полукружни отвори по рабовите на листот. Масовна појава се случува при влажна и студена пролет.
Кафените листојади се уништуваат во фаза на „глувчји уши“ на овошките, само при влажна и студена пролет. Топлото и суво време во април и во мај придонесува со порастот на лисната маса овошките да го избегнат нападот од кафените листојади. Во случај на потреба успешно се уништуваат со пиретроиди, карбамати и органофосфорни инсектициди. |