Опис: На листовите од заразените растенија од лубеница во почетокот се појавува слаба хлороза, која подоцна преоѓа во мозаик и деформации на листовите. Долж нерватурата се развива зелен пругаст мозаик или зелени меурести делови на хлорозната површина помеѓу нерватурата. При раните зарази, растенијата заостануваат во развојот, со скратени интернодии. Вирусот има кончести свитливи вириони. Вирионите се наоѓаат во цитоплазмата од мезофилот, епидермисот и флоемот. Во природни услови се пренесува од 19 видови лисни вошки. Се пренесува и механички со сок од заразени на здрави растенија, што може да има значење при одгледувањето на овие растенија во пластениците и оранжериите. Не се пренесува со семето. За заштита треба уништување на инсектите вектори, уништување на плевелите, во почетокот да се отстрануваат болните растенија. |