Име на болест: Бактериско изумирање на овошките и венење на зелестите растенија - Pseudomonas syringae pv. syringae
Култура: КРУША
Опис: Оваа бактерија е многу распространета во целиот свет и причинува огромен број на заболувања кај растенијата. Кај крушата причинува поцрнување и сушење на цветовите , ластрите, листовите па и младите плодови. Кај постарите ветки настпува пукање и изумирање на кората. При силни зарази, доведува до пукање на ветките и изумирање на кората. Овие симптоми потсетуваат на бактериската паменица, меѓутоа во овој случај нема капки од бактериски ескудат. Бактеријата се разнесува со дождовните капки, ветеот и од инсектите. Врнежливо време, висока и влажност и ниски температури ја зголемуваат опасноста од оваа бактериоза. За заштите се препорачува режење и палење на заразените ветки, па дури и цели овошки. Исто така, употреба на бакарни фунгициди непосредно по опаѓањето на листовите.



повеќе слики >>

Препарати