Опис: Оваа болест во Македонија е присустна и причинува економски штети, во случај кога зелката се одгледува повеќе години на иста површина. Зелката може да биде нападната од никнењето, до прибирањето, па и во услови на чувањето. Кај расадот, главниот нерв на котиледонските ливчиња поцрнува, а портоа расадот венее и изумира. Карактеристични симптоми се јавуваат кај пораснатите растенија, по расадувањето, во вид на венеење на долните листови и појава на темноцрвени дамки по рабовите од листовите во вид на буквата , , V'' . Со спојувањет на некрозираните дамки, некрозата зафаќа поголем дел од лиските и тие се сушат. Сувото ткиво од листовите е проѕирно и пергаментно. На напречен пресек на стеблото се забележуваат потемнувања на спороводните садови. Оваа болест се развива на температура од 5 до 39 степени, а најинтензивно при 25 - 28 степени и влажност на воздухот 50%. Инфекцијата настанува преку хидатодите, а од таму бактеријата се лоцира и размножува во интраклеточните празнини. Исто така болеста може да навлезе и преку повредите и преку стомините отвори. Црното гниење на зелката се развива при топла и влажна поролет, како и во посеви на влажна почва. Бактеријата се одржува во заразеното семе, во растителнијата оставени за семе и во растителните остатоци. Се разнесува со помош на водата, инсектите и пожавите. Болеста поинтензивно се развива при еднострана употреба на азотни ѓубрива. Бидејќи болеста се шири преку семето најважно е семето пред употреба да биде дезинфекцирано, дезинфекција на почвата во леи, уништување на заразените растителни остатоци. Тригодишен плодоред, при што како добри предкултури за зелката се житните растенија. Комплетно ѓубрење и користење на чиста вода за наводнување |