Име на болест: Гниење на кореновиот врат, раковини по ветките, гниење на плодовите кај крушата - Phytophthora syringae
Култура: КРУША
Опис: Ретко се среќава во овошни насади помлади од 10 години. Габата се наоѓа и се одржува во почвата, а презимува во вид на ооспори, што се образуваат во заболеното ткиво, или во паднатите листови од крушата. Во почвата се одржува 15 години. Инфекциите се остваруваат преку различни рани, оштетувања, природни отвори како стоми и лентицели. Кората кај овошките е осетлива само во текот на мирување на вегетацијата и пред почетокот на вегетацијата. Масовни зарази настануваат во услови на ниски температури и интензивни врнежи. Гниењето на плодовите кај крушата предизвикано од оваа габа станало актуелно кога почнало да се одгледува крушата во густи склопови и со ниско стебло. При вакви услови, плодовите поради блискоста со почвата во која се наоѓа паразитот, силно се изложени на зарази, кога капките од дождот ги зафаќаат зооспорите од почвата и ги донесуваат во плодовите. За заштита на плодовите од јаболката често се користат бакарните препарати. Почвата околу основата на стеблото треба да се третира со бакар оксихлорид или бакар хидроксид, раните да се премачкуваат со паста и гасена вар. Се препорачува режење на долните ветки, со цел плодовите да не допираат до почвата. Долните плодови да се берат и да се чуваат посебно, да се избегнува прекумерното наводнување.



повеќе слики >>

Препарати