Име на болест: Изумирање на крушата (Pear decline) - Pear decline phytoplasma
Култура: КРУША
Опис: Болеста е многу штетна, со катастрофални последици, односно со изумирање на крушата. Ги напаѓа сите сорти на круша, иако истите се калемени на извесни подлоги. Болеста може да се јави во две форми : акутна и хронична. При акутна форма се забележува едно брзо изумирање. Таа повеќе се сретнува кај овошки садени на почви кои слабо ја задржуваат водата. Овошките, на почетокот од вегетација малку задоцнуваат во потерувањето , листовите им се ситни и хлорозни. Овошките цветаат но цветовите добиваат кафена боја и се сушат без да паднат. На пресек на стеблото се забележуваат некрози на кората. Кај хроничната форма , симптомите се забележуваат при суво време и во текот на летото и есента. При ладно и влажно време, симптомите се маскирани. При оваа форма овошките преку летото и есента имаат црвеникава боја до жолтеникава. Кај двете форми, кога ќе се одвои кората на местото на камелемњето, на дрвото, како и од внатрешната страна се забележува една темнокафена до црна линија. Оваа појава го спречува транспортот на хранливи материи, поради што кореновиот систем кај болните овошки е слабо развиен.



повеќе слики >>

Препарати