Опис: Нападнати се листовите, ветчињата а и плодовите. Првите симптоми на листовите се забележуваат набргу по нивното оформување. Имено од лицето на листовите се забележуваат ситни, тркалезни и нејасно ограничени, прво светложолти, а потоа жолтеникави дамки. Тие во текот на летото се зголемуваат и стануваат портокалово - црвени. Ткивото од овие дамки е хипертрофирано, односно задебелено. Но понекогаш се јавуваат задебелувања и на ветчињата и на плодовите. Заштитата е посебно важна кај младите насади, со цел да се спречат заразите на стеблото и на ветките. Хемиската заштита се изведува со препарати од групата на дитиокарбаматите (цинеб, манкозеб), каптан, битертанол. |