Име на болест: Лисна дамкавост кај крушата - Mycosphaerella pyri
Култура: КРУША
Опис: Патогенот ги напаѓа само лисјата. На нив се јавуват карактеристични ситни белузлавосиви некротични дамки, со темнокафеави рабови. При силен напад, лисјата посебно кај дивачките можат предвреме да опаднат. Болеста се јавува во депресивни локалитети каде што се задржува површинската вода. Болеста е распространета секаде каде што се одгледува крушата, меѓутоа поради хемиската заштита во насадите, таа речиси и не се јавува. Паразитот презимува во опаднатите листови. Хемиската заштита што се изведува против чадливата краставост го спречува и развојот на лисната дамкавост.



повеќе слики >>

Препарати