Име на болест: Црн рак кај јаболката - Botryosphaeria obtusa
Култура: КРУША
Опис: На кората од ластарите, ветките и стеблото се забележуваат карактеристични црвеникави дамки. Кората е дезорганизирана и при влажно време омекнува, а при суво дехидрира, станува сува и напукната. Откако кората целосно ќе изумре и ќе ги зафати прстенесто ветките или стеблото, таквите ветки и стебла при силни ветрови се кршат. Кај запуштените овошки и овошни насади, црниот рак се јавува и на стеблото. Кората кај болните овошки изгледа како да е настрадана од сончев пригор или оштетување од мраз. По листовите се забележуваат карактеристични, тркалезни некрозни дамки, кои прво се црвеникаво обоени, а потоа внатрешноста на дамките добива кафеавосива боја, а периферната зона останува црвенокафеава. При силни зарази, дамките можат да бидат побројни кога листовите опаѓаат, а заразените цветови поцрнуваат и опаѓаат. Плодовите најчесто се заразени пред бербата, кои при складирањето гнијат и добиваат црна боја - црн рак. Габата во природни услови се одржува главно во вид на пикниди со пикноспори. Пикноспорите се ослободуваат во текот на целата вегетација и остваруваат инфекции при влажно и врнежливо време. Габата презимува и во вид на мицелија ккоја во пролет во кората образува нови пикниди со пикноспори. Паразитот најдобро навлегува во овошките преку рани, по режењето. Црниот рака најмногу се јавува кај физиолошки заслабнати овошки во насади подигнати на слаби, скелетни и неподготвени почви. Како заштита треба добра подготовка на површините за овошни насади, по потреба дренирање, зелено ѓубриво, ѓубрење со арско ѓубриво, редовно одгледување на овошките, зимско прскање, редовна хемиска заштита во текот на вегетацијата.



повеќе слики >>

Препарати