Опис: Болните овошки покажуваат симптоми на листовите, плодовите, кората и стеблото. Тоа се темнозелени површини под епидермисот. Делови од паренхимското ткиво задрвенуваат поради што плодовите не растат рамномерно. Најчест симптом на листовите се темнокафени прстенести дамки со жолтеење долж и помеѓу нерватурата и се појавуваат во почетокот на летото. Исто така и настанува пукање на кората во основата на стеблото која е рапава и пука. Има кончести вириони и се инактивира при температура од 55 - 60C. Се пренесува само со калемење. Испитувања потврдиле дека сортата врањска дуња е толерантна кон вирусот. Основна мерка е производство на здрав саден материјал. |