Опис: Има 3 генерации годишно. Презимува во стадиум имаго под растителни остатоци или под кората од дрвјата и тоа 100 - 600 единки на м2. Имагата се активираат напролет и почнуваат да се хранат. Дополнителната исхрана трае 20 - 30 дена. Јајцата ги полагаат во текот на мај. Јајцата се црни. Фекундитетот на 1 женка е 30 јајца. Штетите ги причинуваат и ларвите и имагата со шмукање сокови од опачината на листовите. Како резултат на исхраната се јавуваат бели некротични дамки на листовите. |