Име на болест: Ушалка - Furficula auricularia
Култура: ЈАБОЛКА
Опис: Ушалката има 1 генерација годишно. Презимува во стадиум јајце и адулти. Јајцето е положено во група од 10 - 25јајца во комора во почвата во текот на есента и во следната пролет родителите се грижат за нив чистејќи ги. Ларвите се пилат во пролет. Активни се ноќе. Имаат мешан режим на исхрана фитофагна и карниворна. Регистрирани се како предатори на лисни вошки, пајаци, ларви на јаболковиот црв. Кај јаболкото може да направи штета на плодовите, хранејќи се со нив, но е значајна како предатор на возрасните ларви од јаболковиот црв кои се спремаат за презимување. Ушалката не претставува економски значаен штетник и против неа не се преземаат посебни мерки за контрола.



повеќе слики >>

Препарати