Опис: Се јавува кај ветки кои се заслабанти и слабо развиени од други биотски и абиотски фактори: измрзнување, суша, плитки потпочвени води и ср. Обично се јавуваат како сапрофити но можат да се појават и на штотуку искроените пресеци. Во тој случај со својата токсичност ги убиваат клетките од кората и во нив се развиваат како сапрофити. Се јавува прстенесто со што ја умртвува кората и доаѓа до сушење на ветките , но ги користи и хранливите материи од друвото. Дрвото станува кафеаво и сиво - зелено. На пролет при влажно време се јавуваат на умртвената кора каде развиваат светло жолти , портокалови до црвенкави перничиња. Габата се одржува во вид на мицелија , строми и перитеции во заразените ветки. Инфекцијата настанува преку рани и други механички оштетувања . Спречувањето на оваа зараза е со режење и спалување на заразените ветки. Пресеците и раните да се премачкуваат со калемарски восок. Зимско третирање на овошните насади со 2 - 3% Бордовска чорба и редовна хемиска заштита против други болести. |