Име на болест: Бело гниње на коренот - Dematophora (Rosellinia necatrix)
Култура: ПРАСКА
Опис: Болните растенија имаат слаб пораст, со кратки едногодишни ластари, со ситни и светло зелени листови. Слаба лиснатост на растенијата со црвенкава нијанса на листовите . Габата се лоцира во коратаретко ги зафаќа сржните зраци. Не го зафаќа дрвото. Кората омекнува и се одвојува од дрвото. Габата излачува токсини кои ги убиваат флоемските клетки, кај растенијата се јавува и брзо венење.
Во природни услови габата се одржува во почвата, во растителните остатоци со вид на мицелија, склероции. Во почвата се шири преку мицелијата. Се развива во збиени почви, со плитки потпочвени води. Најинтензивно се развива на температура од 20 до 250 . се развива на површината на почвата поради тоа што и е потребно кислород и висока содржина на органски материи.
Потребно е детално да се исчисти почвата и притоа да се одмори користејќи ја неколку годни за житарки или окопни култури . Дезинфекција на почвата , дезинфекција на садниците пред садење .



повеќе слики >>

Препарати