Опис: Листовите од одделени ветки или цели овошки стануваат сребреникави. Од горната страна листовите изгледат како да се посребрени. Најпосле по листовите се забележуваат и ситни кафеави дамкички. Потоа изумираат, се сушат, како и ветките на кои се наоѓале. Кај сувите делови од дрвото се развиваат плодоносни тела со црвеникава боја. Плодните тела се кожести. Од долната страна се мазни и црвеникави, а од горната се обраснати со ситни влакненца и се со темна боја. Габата е паразит на рана што значи инфекцијата се остварува преку рана. Како причинител на млечнот сјај може да биде и несоодветното виткање на ветките при разделувањето од главните ветки. Основна заштита е ветките и стеблата да бидат што помалку оштетени. Се применува и премачкување на раните со соодветни пасти, отстранување и палење на заразените ветки или цели овошки. |