Опис: Габа која напаѓа голем број на овошни и шумски дрвенести видови.
Се јавува кај овошни насади кои се стари . Болните овошки слабо растат и имаат ситни листови, жолтеат и опаѓаат. Најпрво се јавуваат кај поединечни ветки, потоа на целите овошки, прво поединечно, а потоа ги опфаќаат и целите насади. Најпрво изумира коренот и се забележува мицелија од бели или жолтеникави коцки помеѓу сувата кора и дрвото. Покрај жолтата мицелија се забележѕваат и дебели црни конци на кои внатрешноста им е бела а надворешноста црна. Тоа се ризоморфи. Габата презимува во изумрените стебла под кората или во почвата во вид на ризоморфи. Спречувањето е тешко па затоа за подигнување на овие насади потребно е да се извадат сите остатоци од дрвото и коренот и за дезинфекција на почвата потребно е да се користат фумиганти.
|