Име на болест: Рак-рани и изумирање на ветките кај вишната - Pseudomonas syringae pv. morsprunorum
Култура: ВИШНА
Опис: Најкарактеристична е појава на рак - рани на ветките, како последица на реакцијата на соседните ткива на местото на инфекцијата. Се појавуваат задебелувања на ветките со појава на смола, ластарите заостануваат во растот, пожолтуваат и изумираат. Кај постарите ветки исто така се развиваат задебелувања и рак - рани што повлекуваат слабеење на ветките, па и на целите овошки. Заразените папки умираат, на листовите се појавуваат поситни или покрупни тракалезни дамки, кои некрозираат со посветол ореол. Бактеријата е аеробна и зголемената влажност и честите врнежи го фаворизираат развојот на оваа бактерија. Бактеријата може да разликува две фази. Во текот на зимскиот период таа предизвикува формирање на рак - рани, а во текот на вегетацијата во пролет појава на дамкосување на листовите. Бактеријата ги колонизира пупките и соседните ткива, предизвикувајќи и изумирање на пупките преку зимата. Заразените пупки во пролет не потеруваат, а доколку потераат, добиените ластари се сушат и изумираат. Во пролет настануваат инфекции само на младите листови, но не и на старите, како и на ветките. Инфекциите на ветките се остваруваат преку различни рани. За спречување на оваа бактериоза се препорачува употреба на бакарни фунгициди по опаѓањето на листовите, се препорачува и употреба на стрептомицин.



повеќе слики >>

Препарати