Име на болест: Гниење на коренот кај овошните видови кај вишната - Armillaria mellea
Култура: ВИШНА
Опис: Габата се јавува на овошните насади кои се подигнати на ископаченини шуми, грмушки и по стари овошни насади. Болните овошки слабо растат и имаат ситни листови, кои жолтеат и опаѓаат. Симптомите прво се појавуваат кај поединечни ветки, потоа на цели овошки, прво кај поединечни, а потоа ги зафаќа и околните овошки. Најпрво изумира коренот. Помеѓу сувата кора и дрвото се забележува мицелија од бели или жолтеникави конци коишто помеѓу себе се поврзани во вид на ветрило. Габата призимува во изумрените стебла, под кората или во почвата во вид на ризоморфи. Спречувањето е тешко. При засадувањето на овошните насади остатоците од дрвото или коренот треба добро да се извадат, соберат и спалат. За дезинфекција на почвата може да се користат фумиганти но тоа е скапо



повеќе слики >>

Препарати