Опис: Вирусот на спеченоста на сливата се вбројува во економски најштетните вируси кај овошните видови, го намалува квалитетот на плодовите и виталноста на овошките. Кај вишната причинува т. н. Штекленбергова болест, која се карактеризира со испаѓање на некрозираното ткиво од листовите, во вид на сачменка, изумирање на пупките, и најпосле умирање на цели овошки. Вирусот се наоѓа во сите делови од растенијата. Вирусот се одржува во повеќегодишните дрвенести растенија кои се постојан извор во природни услови. Се пренесува при калемењето со користење на калемгранки и подлоги од заразени овошки. Кај вишната се пренесува со поленот. Основна мерка за заштита е производство на здрав саден материјал за што е неопходно тестирање на матичните овошки. |