Опис: Кај вишната го намалува приносот од 50 до 70%. Последиците кај вишната се опишани по името Штекленбергова болест, што се карактеризира со различно жолтило. Симптомите се појавуваат по неколку години од инфекцијата. Општ симптом е појава на некрозни прстенести дамки по лисјата, според што вирусот и го добил името. Потоа, некрозираното ткиво испаѓа и листовите изгледаат како да се изрешетени од сачмарка. Цветовите кај болните овошки се ситни, деформирани и не формираат плодови. Болеста во својот развој има две фази: акутна фаза кога пупките кај заразените овошки се сушат и хронична фаза кога симптомите се маскирани, а овошките имаат слаб раст, пупките изумираат, а се јавува и рапавост по кората. Во почетокот симптомите се појавуваат на одделни ветки, кај кои цветањето и листењето доцни, листовите се ситни. На плодовите се појавуваат прстенести дамки. Во природни услови, вирусот се одржува во заразените овошки. Се пренесува преку поленот и на тој начин и преку семето. Основна мерка е производство и употреба на здрав саден материјал. |