Опис: Најштетен вирус кај овошните видови , го намалува квалитетот на овошките , доолку се развие на плодовите го намалува приносот, тие се неквалитетни , не дозреваат и содржат малку шеќери. Ваквите штети се како последица на стерилноста на поленот . Освен тоа го намалува и прирастот на овошките и лисната маса. Често листовите се деформирани, во многу цветови плодниците се спечени, а чашкините ливчиња се издолжени и со неправилен облик.
Кај црешата овој вирус причниува дифузна хлороза, со жолто - зелени прстени и енации долж главниот нерв на опачината на листот . Т. н. Штекленбергова болест која се карактеризира со некрозирано ткиво на лисјата, во вид на сачменка, измуриање на цели овшки.
Се пренесува механички , се пренесува со калемење со користење на калемгранки и подлоги од заразени овошки.
Инактивирање на вирусот може да се постигне со термотерапија на матичните овошки со нивното подлегнување на тепература од 370 за вре, е од 3 до 4 недели.
|