Име на болест: Рутава буба - Tropinota hirta Poda
Култура: ПРАСКА
Опис: Се јавува рано напролет во март. Минимална температура за нејзин развој е 15 С. Има 1 генерација годишно. Штетите од рутавата буба се економски значајни кај овошките. Ги оштетува цветовите на овошните видови и многубројни други растенија, хранејки се со прашниците и толчникот. Мерки за контрола се: обработка на почвата, во затревени овоштарници се оставаат плевелите да цутат за да бидат храна за рунтавата буба, затресување на стеблото рано наутро и собирање на имагата, фермонски клопки, масовно ловење со голем број мали обоени бели или сини водени садови во крошната на овошките, во или околу насадите и за хемиско третирање се препорачуваат инсектициди на база на пиретроиди(тау - флувалинат), и неоникотиониди(тиаклоприд).



повеќе слики >>

Препарати