Опис: Овој вирус е застапен во Северна Америка, Австралија, Европа и Кина. Кај осетливите сорти цреши причинува изумирање на овошките по пет години од инфекциите. Симптомите на оваа болест се карактеризираат со слаба развиеност на растенијата. Ластарите се кратки, а листовите збиени во вид на розета. Лисјата се свиткуваат со рабовите кон лицето. По стеблото и ветките се појавува смолотечење. Основна мерка за заштита е производство и употреба на здрави садници. |