Име на болест: Бело гниење на коренот кај дрвенестите овошни видови - Rosellinia necatrix
Култура: ВИШНА
Опис: Болните растенија имаат слаб пораст, со кратки едногодишни ластари со ситни светлозелени листови. Слаба лиснатост на растенијата со црвеникава нијанса на листовите. Кај растенијата се јавува и брзо венење. Во природни услови габата се одржува во почвата, во растителните остатоци во вид на мицелија, склероции. Пред подигање на нов овошен насад, почвата мора да се исчисти од кореновите остатоци од предходните култури и неколку години да се одгледуваат житни култури. Да се избегнуваат локалитети со плитки потпочвени води. Почвата да се дезинфицира со хлорпикрин, вапам, формалин и метил - бромид. И дезинфекција на садниците пред садење со препарати врз база на бензимидазолите (потопување на коренот пред садење).



повеќе слики >>

Препарати