Име на болест: Антракноза на вишната кај црешата - Glomerella cingulata
Култура: ЦРЕШИ / ВИШНИ
Опис:Оваа габа е распространета во целиот свет. Таа е полифагна и напаѓа на повеќе видови растенија. Од овошните видови најчесто: јаболка, круша, бадем, вишна, цреша, маслинка, винова лоза. Кај црешата ги напаѓа плодовите, на нивните врвови се појавуваат тркалезни концентрични дамки. Во почетокот на развојот на болеста дамките се многу слични како тие од Monillia spp. За заштита од овој патоген потребно е гнилите плодови да се берат и да се уништат, заразените ветки и раковини да се изрежат и спалат. Пред бербата е препорачано прскање со каптан или толифлуанид или трифлоксистробин или беномил. Се препорачува уништување на презимениот иноколум со отстрануање и спалување на исушените ветки, рак - рани и слично.



Препарати