Опис: Ножичарот е еден од ретките видови штетници во земјоделското производство. Полифаген вид кој се храни со вегетативни пупки, листови и млади изданоци на винова лоза, овошни видови, легуминози и декоративни растенија. Има 1 генерација годишно, презимува во стадиум имаго скриено во почвата или под растителните остатоци. Напролет имагото се јавува покрај ливадите, патиштата, се храни ноќе, а дење копа ходници што можат да достигнат и до 1m должина. Јајцата ги полагаат на растителните остатоци. Ларвите се развиваат 20 - 30 дена. Штетите од ножичарите не се економски значајни и не се преземаат посебни мерки за негова контрола. |