Име на болест: Сливова штитеста вошка - Parthenolecanium
Култура: ВИНОВА ЛОЗА
Опис: Распространета на секаде во светот. Има 1 генерација годишно, презимува како ларва од втор ларвен степен, во пукнатините од кората на стеблото. Интензивниот разој е во април и мај кога ги причинуваат најголеми штети, лачејки големи количества медна роса. Ларвите се јавуваат во втората половина на јуни и се качуваат на опачината на лисјата каде што го завршуваат првиот ларвен степен. По преслекувањето во август и септември ги напуштаат лисјата и се спуштаат кон местата на презимување. За контрола на оваа вошка се применува резидба на нападнати вегетативни делови, користење на: стеници, златооки или бубамари како предатори. Зимска заштита со минерални масла или органофосфорни инсектициди. Во текот на март и април се препорачуваат системични инсектициди во комбинација со минерални масла: спимозини, пиметрозини, регулатори на раст, неоникотиноиди, фенилпиразоли, пиретроиди, карбамати, органофосфорни инсектициди.



повеќе слики >>

Препарати

ETIOL SPECIJAL

ETIOL TECEN