Име на болест: Филоксера - Phylloxera vastatrix
Култура: ВИНОВА ЛОЗА
Опис: Тоа е вошка на виновата лоза, пренесена од Америка во Франција со садници во 1868 г. . Овој штетник презимува во јајце на кората и во пролет се пили женка која полага јајца од кои се пилат диморфни женки кои можат да бидат во два вида, оние кои се хранат од листот и оние кои се хранат од коренот. Економско значење можат да имат само кај американските сорти, но не и кај европските сорти винова лоза. Филоксерата што се храни од коренот формира негови задебелувања и оневозможува негова основна функција на транспорт. Уништувањето на филоксерата е решено со калемење на европските сорти (vitis vinifera) на американските подлоги (Vitis riparia, Vitis berlandieri). На овој начин филоксерата може да се сретне само во расадцниците каде што се одгледуваат американски сорти винова лоза.



повеќе слики >>

Препарати

ETIOL SPECIJAL

ETIOL TECEN